• сабота, 27 јули 2024

Бадел 1862 донесе историска победа за македонската женска кошарка во Јадранската лига

Бадел 1862 донесе историска победа за македонската женска кошарка во Јадранската лига
Бановичи, 13 октомври 2021 (МИА) – Бадел 1862 вечерва испиша историја и стана прва македонска женска кошаркарска екипа, која запиша триумф во Јадранската лига совладувајќи го Бановичи на гостински терен со 70:57. По двата стартни порази во групната фаза во регионалното натпреварување, кошаркарките на Бадел добро го отворија натпреварот на гостувањето во БиХ и веќе во воведниот период имаа двоцифрена предност (18:6), која до полувремето ја зголемија на (38:20). Продолжението донесе поизедначена игра што беше доволно за македонскиот состав да ја одбрани предноста од првиот дел и да стигне до историска победа. До триумфот ги водеше Ивана Кметовска со 24. реализации и шест скокови, Александра Стојановски дополни со 18. поени, четири скокови и две.асистенции, а Цветанка Димовска запиша дабл-дабл (16. поени и десет скокови). ег/ар/

Остани поврзан