• недела, 01 септември 2024

Бадел прв финалист во кошаркарскиот куп

Бадел прв финалист во кошаркарскиот куп
Скопје, 19 февруари 2022 (МИА) – Екипата на Бадел 1862 избори финале во македонскиот кошаркарски куп. „Баделки“ попладнево во првиот полифинален натпревар на турнирот во Скопје, очекувано, славеа победа над екипата на Струга 2009 со убедливи 80:44. Комплетната прва петорка на Бадел 1862 стигна до двоцифрен број на поени. Стојановска даде 14, Трајчевска Димова и Матие по 12. А Димитријевиќ 11. Во екипата од Струга, Модева стигна до десет реализации. Од 14:30 часот во СРЦ „Кале“ почна второто женско полуфинале во кое се среќаваат Кам Баскет 2011 и Вардар. зс/

Остани поврзан