• сабота, 28 декември 2024

Бабовски учествува на состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната во Прага

Бабовски учествува на состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната во Прага
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски вчера и денеска во Прага, Република Чешка, учествува на 85. состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната – EFSA на кој беа разгледани голем број теми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Во фокусот, на Форумот, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, акцент беше ставен на состојбата со болеста африканска чума кај свињите која е присутна во повеќе европски земји и во регионот, а со која напори за справување вложува и нашава земја. На Форумот, како што информираат, било разговарано и за можноста за унапредување на методологиите за проценка на ризикот од животната средина, преку формирање на таканаречено партнерство на ЕУ за проценка на ризикот од животната средина, а членките го дефинираа и новиот оперативен план за работа на контакт точките на ЕФСА до 2027 година, информираат од Агенција за храна и ветеринарство. рп/аа/

Остани поврзан