• среда, 13 ноември 2024

Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение на ЕМА

Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение на ЕМА
Прага, 28 февруари 2021 (МИА) - Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник V“ и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА). Бројот на случаи на коронавирус во Чешка се зголеми во последните неколку недели, така што земјата сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на инфекции и смртни случаи од Ковид-19, пишува „Гардијан“. Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе почекаат одобрување од ЕМА пред да започнат да ја користат вакцината. Исто така, се очекува до средината на март Франција да обезбеди 100.000 вакцини од „Фајзер/БиоНТек“. паг/

Остани поврзан