• петок, 27 декември 2024

Бабиш: Поголема ЕУ соработка во борбата против вториот бран на Ковид-19

Бабиш: Поголема ЕУ соработка во борбата против вториот бран на Ковид-19
Брисел, 15 октомври 2020 (МИА) - Чешкиот премиер Андреј Бабиш побара поголема координација внатре во ЕУ околу прашањето за борбата против Ковид-19. - Коронавирусот се враќа и ќе има проблеми, изјави Бабиш. Заминувајќи на самитот на ЕУ 27 во Брисел, чешкиот премиер ја нагласи потребата за подобра европска соработка и помош кога станува збор за медицинска опрема и персонал, болнички капацитети и вакцини. Тој потенцира дека Република Чешка во првиот бран на коронавирусот била многу успешна, но сега е „меѓу најлошите“ во Европа. Чешка во однос на бројот на население моментно е меѓу најголемите светски жаришта на Ковид-19 со над 400 новозаразени на 100.000 жители. гт/

Тагови

Остани поврзан