• петок, 27 декември 2024

Бабиш: Пандорините документи се завера за да не победам на парламентарните избори

Бабиш: Пандорините документи се завера за да не победам на парламентарните избори
Прага, 4 октомври 2021 (МИА) - Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш истражувачкиот проект на 600 новинари од целиот свет, Пандорини документи, го оцени како завера смислена за тој да не победи на парламентарните избори, што се закажани на 8 и 9 октомври. Тој негира дека направил нешто незаконско при купување на луксузен недвижен имот во Франција преку наменски формирани компании во така наречените даночни оази. - Чекав да видам што ќе извлечат непосредно пред избори да ми нанесат штета и да влијаат врз чешките избори. Сега се работи за случај стар 12 години. Во него е јасни дека не направив ништо против законски ниту лошо, но тоа не ги спречува да ме плукаат и така да влијаат врз чешките избори, истакна Бабиш. Порталот „Investigace.cz“, кој заедно со новинарите од 117 држави ги проучуваше документите од „даночните оази“ синоќа објави дека Бабиш во 2009 година формирал две офшор компании и преку нив сам на себи си префрлил 15 милиони евра за да купи 16 луксузни имоти, меѓу кои и мал замок во бвлизина на Кан, на Азурен Брег. Во 2009 година Бабиш не беше политичар, туку само еден од чешките тајкуни и сопственик на агрохемискиот концерн Агроферт. - Целата шема предизвикува низа прашања и сомнежи. Андреј Бабиш затоа треба да објасни од каде му се тие 15 милиони евра. и затоа нарача формирање на така комплицирана шема, која практично оневозможува да се влезе со трага на потеклото на парите, објави „Investigace.cz“. Бабиш во синоќешната предизборна телевизиска дебата на Си-Ен-Ен Прима изјави дека лесно може да докаже дека парите се оданочени. Бабиш е еден од 300 државјани на Чешка чие име се појави до Пандорините документи. ми/

Остани поврзан