• петок, 27 декември 2024

Бабиш: Лидерите на ЕУ треба да разговараат за Ковид-19

Бабиш: Лидерите на ЕУ треба да разговараат за Ковид-19
Брисел, 1 октомври 2020 (МИА) - Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави денеска дека лидерите на ЕУ треба да разговараат за недостатоците во соработката во текот на пандемијата на Ковид-19. Тој истакна дека лидерите на ЕУ заборавиле да ја стават најважната тема на дневен ред на самитот, а тоа е коронавирусот, додавајќи дека соработката меѓу епидемиолозите и министрите за здравство не функционира. - Сега мојата земја се соочува со втор бран. Ние бевме едни од најдобрите за време на првиот бран, но сега секако сме во поинаква ситуација и не сакаме никако да ја затвориме економијата, нагласи Бабиш по пристигнувањето во Брисел. гт/

Остани поврзан