• четврток, 26 декември 2024

„Ајфон СЕ“ најверојатно заминува во историјата

„Ајфон СЕ“ најверојатно заминува во историјата

Лос Анџелес, 10 јануари 2023 (МИА) - Компанијата „Епл“ го освежува својот најповолен „Ајфон СЕ“ на секои две години, а со оглед на тоа што корисниците го искусија лани следниот се очекуваше 2024 година. Сепак, се чини, ништо од тоа.

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека „Епл“ го заврши „експериментот“ и плановите за производство и продажба на новиот модел на „Ајфон СЕ“ во 2024 година се откажани. Оваа одлука е поврзана и со долго шпекулираниот 5-Г процесор на којшто „Епл“, според познавачите, и предолго работи. Овој процесор требаше да го користи „Ајфон СЕ“.

Така, ако работите тргнеа наопаку, штетата би била ограничена бидејќи тоа е најевтиниот модел, а не поскапиот. Од друга страна, пак, доколку планот беше успешен, процесорот имаше потенцијал да се најде и во серијата „Ајфон 16“ во 2024 година.

Причината за откажувањето на „Ајфон СЕ 4“ наводно се крие во малата продажба на претходните модели.

Откажувањето на „Ајфон СЕ 4“ го наметнува прашањето - дали перформансите на процесорот на „Епл“ ќе се совпаѓаат со оние на „Квалком“? Затоа, можноста - вториов процесор да го напојува „Ајфон 16“ сега се поголеми од кога било, што е спротивно на предвидувањата. Со ваквиот развој, „Квалком“ би продолжил да му испорачува процесори на „Епл“ најмалку до 2025 година, што значи продолжување на неговата доминација на светскиот пазар за процесори за мобилни уреди.  си/

Остани поврзан