• среда, 25 декември 2024

Ајфеловата кула се отвора повторно на 25 јуни

Ајфеловата кула се отвора повторно на 25 јуни
Париз, 9 јуни 2020 (МИА) - Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за посетителите на 25 јуни по тримесечен прекин на работата поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска компанијата задолжена за одржување на таа туристичка атракција во Париз. Посетителите ќе можат да се искачат пеш, не со лифт, само до вториот кат и ќе мора да носат заштитни маски. - Ајфеловата кула повторно ќе биде отворена на 25 јуни во 10 часот, откако беше три месеци затворена поради пандемијата на Ковид-19. Тоа е најдолго затворање на кулата од Втората светска војна, се додава во соопштението, нагласувајќи дека бројот на посетителите ќе биде ограничен. Симболот на Париз е изграден во 1889 година како експонат за Светската изложба по повод прославата на 100-годишнината од Француската револуција. гт/

Остани поврзан