Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра
- Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Југо Екитике може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува Билд.

Франкфурт, 15 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Југо Екитике може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува Билд.
Според германскиот спортски весник, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за 22-годишниот Французин.
Истовремено, германскиот клуб е подготвен да се раздели со играчот за сума од околу 100 милиони евра.
Екитике оваа сезона одигра 42 натпревари, постигна 21 гол и девет асистенции. зс/
Фото: ЕПА