• недела, 01 септември 2024

Ајзеа Томас: Бруклин не може да го освои шампионатот без помош на Ирвинг

Ајзеа Томас: Бруклин не може да го освои шампионатот без помош на Ирвинг
Њујорк, 20 септември 2021 (МИА) – Членот на „Куќата на славните“ во НБА-лигата, Ајзеа Томас ја истакна важноста на Кајри Ирвинг за сегашниот состав на Бруклин. - Сетете се како Кливленд под водство на Леброн Џејмс се врати по 1-3 и го победи Голден Стејт. Леброн тогаш беше речиси недостижен во секоја статистичка категорија, но Кавс сепак ќе останеа без титула, ако не беше Кајри Ирвинг. Затоа запамтете ги моите зборови. Со оглед на начинот на кој е изграден сегашниот состав на Нетс, тие не можат и нема да можат да го освојат шампионатот без помошта на Ирвинг. Точка, рече Томас. За потсетување Ирвинг минатата сезона загуби 18 од 72 натпревари во регуларниот дел. Кајри имаше просек од 26,9 поени, 4,8 скокови и шест асистенции по натпревар во сезоната 20/21, со 50,6 % прецизни удари од поле и 40,2 % за три поени. зс/

Остани поврзан