• вторник, 24 декември 2024

Ајакс му врачи отказ на Стајн

Ајакс му врачи отказ на Стајн

Амстердам, 23 октомври 2023 (МИА) – Раководството на Ајакс денес го отпушти тренерот Морис Стајн.

Од холандскиот клуб известија дека страните одлучиле да го раскинат договорот кој беше со важност до летото 2026 година.

- Управата и јас дојдовме до заклучок дека ова е најдоброто решение, иако многу ми е жал. Луѓето кои ме познаваат знаат дека направив сè што е можно за да го вратам Ајакс таму каде што припаѓа. Но, не успеав, изјави 49-годишниот фудбалски стручњак.

Под водство на Стајн, екипата од Амстердам нема победа веќе осум натпревари. Во холандскиот шампионат, најтрофејниот клуб во земјата е на претпоследното место со пет бодови од седум натпревари натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан