• недела, 01 септември 2024

Ашковски: Борбеност и добра мисла за позитивен резултат во Прага

Ашковски: Борбеност и добра мисла за позитивен резултат во Прага

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 против Украина. 

Репрезентативецот Стефан Ашковски смета дека со позитивна мисла и голема борбеност, нашата селекција може да се надева на позитивен резултат против фаворитот.

- Очекувам добар натпревар против Украина. Со позитивна мисла и силна мотивација, да се обидеме да ја пренесеме енергија од последните два натпревари. Борбеност, позитивна мисла и добра мотивација. Тоа е, според мене, најважно за мечот, изјави Ашковски.

Натпреварот во Прага ќе се игра на 14 октомври со почеток во 15 часот. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан