• среда, 25 декември 2024

Ашкенази: Војската да ја преземе одговорноста за контрола на пандемијата

Ашкенази: Војската да ја преземе одговорноста за контрола на пандемијата
Ерусалим, 21 јули 2020 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Габи Аскенази изјави дека војската треба да ја преземе одговорноста за ставање под контрола на пандемијата, што веројатно ќе ги продлабочи тензиите внатре во владата, пренесуваат британските медиуми. Делумните карантински мерки во Израел беа укинати во мај, по што дојде до влошување на епидемиолошката состојба. Бројот на заразени со коронавирус во моментов во земјата надминува 50.000, додека бројот на умрени од Ковид-19 е над 400. Шефот на дипломатијата додаде дека одлуката за предавање на контролата врз пандемијата од Министерството за здравство на војската се очекува оваа недела. Никој од канцеларијата на премиерот не беше достапен за коментар на изјавата на Ашкенази. Можно е, меѓутоа, Нетанјаху да покаже колебливост за предавање на управувањето со пандемијата на министерот за одбрана Бени Ганц, во момент кога двајцата израелски лидери не се согласуваат околу предложената анексија на окупираните делови на Западниот Брег и за буџетот. сд/

Остани поврзан