• сабота, 23 ноември 2024

Ацевски: Во однос на емиграцијата, Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот, а во ЕУ е на петтото место

Ацевски: Во однос на емиграцијата, Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот, а во ЕУ е на петтото место

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - За жал, нашите состојби во делот на емиграцијата се толку лоши што во суштина согласно податоците на Меѓународната организација за миграции нашата држава е во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата, истакна во Собранието главниот државен ревизор Максим Ацевски при презентирањето на Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија.

-Секако дека секоја држава, па и нашата треба да се грижи за својот вискокообразовен кадар да генерира политики и мерки кои во суштина ќе ја намалат емиграцијата. Не треба да гаиме илузија дека сите ние може да ја спречиме емиграцијата, бидејќи миграцијата е процес не само за нашата држава него, туку и за сите држави вклучувајќи ги и државите од ЕУ. Според Извештајот на Светката банка од 2020 година, скоро 40 отсто од високообразовниот кадар ја имаат напуштено нашата држава. А според Индексот на одлив на мозоци, нашата држава од 41 земја во ЕУ го зазема петтото место, рече тој.

Ацевски нагласи дека ваквите податоци говорат дека во суштина сите мерки и активности кои што требало да бидат преземени во периодот на предмет на ревизија не ги даваат очекуваните резултати во делот на спречување на одливот на високообразовните и стручни кадри, односно одливот на човечките ресурси кои што во суштина претставува вистинскиот капитал на нашата држава.

-Ако ги погледнеме податоците од надлежни државни институции коишто во суштина ги обработуваат, ќе констатираме дека имаме податоци според тоа што значи бројка кои се пријавени на надлежните институции односно МВР, а следејќи го нашиот пристап до внесување, а пред се пристапот на внесување на нашите граѓани кошто се отселуваат од нашата држава за нечесто почитување на законските одредби во делот на она што значи пријавување на својот престој или заминување на живеалиштето, ќе констатираме дека за 8 години скоро 90 лица заминуваат односно високообразовни кадри заминуваат од нашата држава. Но имајќи ја ревизијата на ДЗР дека во суштина споредено на овие податоци се податоците на ОН и податоците на ОЕЦД постојат фрапантни разлики во она што значи податоци од надлежните државни институции во нашата држава, но и податоци од меѓународните институции. За таа цел благодарение на меѓународните организации коишто го поддржуваат работењето на ДЗР, ангажиравме академски граѓанин, експерт кој во суштина направи соодветна заналица на годишно ниво, и којшто во суштина не се само 90 лица туку се 2.500. Ако тоа го помножиме со бројот на годините предмет на аналица ќе видиме колкав е бројот на лица кои заминале од нашата држава. Дали е преземено со тоа што требало да биде преземено или во суштина сме донеле одредена Национална стратегија за вмрежување, соработка со високообразовни кадри, од 2013 до 2020 година без притоа да биде формирано соодветно работно стручно тело, без притоа да имаме соодветен мониторинг, без притоа да имаме соодветни извештаи, а 2020 година да немаме ниту еден документ којшто ќе се занимава со одливот на високообразовните и стручни кадри. Но не застануваме тука, рече тој.

Главниот ревизор потенцира дека ако ги собереме податоците што се дојдени согласно истражувањето ќе се констатира дека за девет години вкупниот трошок кој што е вложен во одливот на овие високообразовни кадри изнесува 725 милиони евра или ако тоа го кажеме во негативниот ефект на БДП ќе констатираме дека ова е негативен ефект во износ 8,34 отсто од БДП.

Потенцира дека овој извештај укажува на слабостите, укажува на причините кои што довеле до ваквата состојба, но во исто време дава препораки на начинот на постапување на надлежните органи.

-Тоа зависи од нас, од вас од налдежните органи колку ние во суштина ќе се задолжиме да го намалиме и да го сведеме на едно прифатливо овој процес на одлив на нашите високообразовани кадри којшто во суштина претставува непроценливо богатство. За жал доколку преземеме мерки да го спречиме и да го сведеме на прифатливо, да обезбедиме нашето богатство да остане во спротивно ќе бидеме сведоци на постојано одливање на нашиот високообразовен кадар во другите држави, ние и понатаму ќе одвоиме средства за негово финансирање а плодовите ќе ги чувсвтуваат некои други. Да докажеме на идните генерации дека оваа држава ќе констурира политики кои ќе бидат насочени кон задржување на младите, насочени кон задржување на своите граѓани, и нема да имаме тенденција или сосотјба која што до сега ја имаме за одлевање на високообразовните и стручни кадри, рече Ацевски.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бисера Златевска на собраниската говорница истакна дека емиграцијата како процес со кој е преплавен денешниот свет во кој ние живееме, е невозможно практично да се спречи. Овој процес, рече таа, ги зафаќа сите држави и е вкоренет длабоко во денешното општество, но овој процес може да биде сведен на едно прифатливо ниво со добра политика и вистински чекори.

Никој од нас не сака да се наоѓа во средина каде не се чувствува добро и каде средината не го вреднува со сите свои нишани, достигнувања, образование и капацитет. Токму поради тоа го имаме иселувањето. Високообразовен човек на коуј државата не може да му најде место е избркан човек од таа држава.  Македонија се наоѓа во топ 20 земји со најголема емиграција на високообразовен кадар. Според на Индексот на одлив на мозоци, Македонија  го зазема петтото место од 41 земја од Европската унија. Според Извештајот, преземените мерки и политики не дале ефект . Ова значи дека треба преземање на нови стратегии и мерки со цел подобрување на оваа состојба. Според Државниот завод за статистика, вкупниот број на одлив на мозоци е околу 2.500 високообразовни луѓе на годишно ниво. Ова е многу голема бројка, рече пратеничката

Златевска потенцира дека во периодот од 2013 до 2020 година постоела Национална стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовен кадар, која, како што посочи, е полна со слабости во имплементацијата и отсуство на објавување во Службен весник на таа стратегија.

-Сето тоа придонесува и води кон неинформираност на засегнатите страни за сите оние мерки и активности што требало да бидат преземени.  По 2020 година отсуствува било каква Стратегија која ќе се занимава со одливот на високообразовен кадар. Нашата држава нема единствена база на податоци каде би можеле да добиеме точна бројка за одливот на мозоци, ниту пак за стручноста и квалификациите на ваквите кадри. Забележуваме и рапидни разлики во донесените програми од надлежните институции и јавни универзитети за запишување на студенти. Имено, во учебната 2023/2024 година разликата е енормна – 23.166 студенти за кои државата дава согласност за да се запишат а се запишале само 10.050 студенти во јавните универзитети. Доколку би пресметале на годишно ниво државата ја чини 81 милион евра за образованието на овие мозоци кои заминуваат од нашата држава или пресметано за целокупниот период на анализа за седум години, државата ја чини 725 милиони евра. Државата вложила во образование на овие кадри, а дошла во загуба поради нивниот одлив од 8,34 проценти. Мораат да се створат и спроведат услови и мерки за намалување на високата стапка на иселување и одлив на мозоци од нашата во другите држави, рече Златевска. фф/нд/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан