• четврток, 26 декември 2024

АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје

АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) -  Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7. месецов. 

-Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот  и АЦВ ќе постапи по истиот, потврдија денеска за МИА од АЦВ.

Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. 

- Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот..лв/бак/

 

 

Остани поврзан