• среда, 25 декември 2024

Ахмети: Oпштините ни се потребни за спроведување на зелената агенда

Ахмети: Oпштините ни се потребни за спроведување на зелената агенда
Гостивар, 24 октомври 2021 (МИА) - Потребно ни е владеење на правото, чиста животна средина, бидејќи без нив ЕУ нема да ги отвори вратите и затоа треба да се мобилизирате за гласањето в недела, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој на предизборен собир ја побара поддршката на жителите од гостиварското село Дебреше. Тој се осврна и на делувањето на политичките опоненти кои, според не го коалицирале од непринципиелни интереси. - За овие дваесет години сме направиме многу за сите. Не знам како другите излегуваат да кажат дека ВМРО нè поддржува, а тие се со ВМРО во моето Кичево и Гостивар. До вчера се навредуваа, а денес се здружени заедно. Потребна е комуникација, но не и поддршка од нив. Сакаме целосна еднаквост без предрасуди. Ценам дека вие ќе одлучите за сите околу илјада гласови во Дебреше и мораме заедно со Невзат Бејта да се ангажираме Дебреше да ги придвижи работите на подобро, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој зборуваше и за постигнатите успеси како партија изминативе години и ги нагласи три универзитети, употребата на јазикот, правичната застапеност. Според Ахмети, ДУИ отвориле ново поглавје „зелена агенда“ во која покрај прогласувањето на Шар Планина за национален парк влезени се и Коридорот 8 гасификацијата и повеќе капитални инвестиции. За нив, како што нагласи, потребна е локална поддршка. На собирот се обрати и кандидатот за градоначалник Невзат Бејта кој напомена дека програмата е направена во соработка со граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ и како таа ќе се реализира. – На овие избори излегуваме со програма во која се опфатени важни прашања. Во неа е трајното решение на состојбата со канализацијата и водоводот во Дебреше. Овие инвестиции ќе се реализираат од три буџети, тој на општината, буџетот на државата за кој ја имаме поддршката. Трети се средствата што ќе ги обезбедиме од меѓународните фондови. За разлика од другите, ние доаѓаме да работиме, да реализираме проекти, затоа ја бараме вашата поддршка. На 31 октомври заедно со вас ќе ја прославиме големата победа на ДУИ, рече Бејта. На собирот Ахмети побара од присутните да се искажат и посочат на проблемите со кои се соочуваат и директно одговараше на прашањата. згм/нд/

Остани поврзан