• четврток, 26 декември 2024

Ахмети – Лудва: Поддршката од Чешка да се засили во текот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ

Ахмети – Лудва: Поддршката од Чешка да се засили во текот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска имал средба со Јарослав Лудва, новиот амбасадор на Чешката Република во Скопје. Ахмети му честитал за изборот на новиот амбасадор, му посакал успешна работа и изразил надеж дека неговиот ангажман ќе придонесе во зацврстувањето и унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. - Ахмети и Лудва разговараа за предизвиците со кои се соочуваат двете земји и регионот, како и најновите случувања на политичката сцена во земјата и воената криза во Украина, соопштија од ДУИ. Двајцата соговорници, се наведува во соопштението, ја осудија воената агресија на Руската Федерација врз територијата на Украина. Претседателот на ДУИ Ахмети, укажал дека континуираната поддршка што ја добиваме од Чешката Република на евроинтегративниот пат очекува да биде засилена за време на чешкото претседавање со Советот на ЕУ, што се очекува да започне на 1 јули оваа година.   - Чешката Република секогаш го истакнала фактот дека зајакнувањето на претпристапните партнерства ќе доведе до унапредување на инфраструктурните врски помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, како и подобро имплементирање на принципот на доброто владеење, се посочува во соопштението од ДУИ. Како добар познавач на политичките состојби во регионот, амбасадорот Лудва искажал задоволство од можноста својата богата дипломатска кариера да ја продолжи сега и во Република Северна Македонија. цр/дма/

Остани поврзан