• недела, 24 ноември 2024

Ахмети - Џачка: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобрата гаранција за стабилност во Европа

Ахмети - Џачка: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобрата гаранција за стабилност во Европа

Скопје, 27 март 2023 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети денеска оствари средба со албанската министерка за Европа и надворешни работи, г-ѓа Олта Џачка.

Патот кон евроинтеграциите, процесот на реформи и уставните измени, случувањата меѓу Косово и Србија како и економската соработка беа теми на разговор меѓу Ахмети и Џачка.

Во тридецениските дипломатски односи, Ахмети и се заблагодари на Џачка за одличното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, додека билатералната соработка е оценета на ниво, но со потреба од продлабочување на соработката во новите проекти кои се во интерес на двете земји.

Тема на разговор меѓу Ахмети и Џачка беа и реформите што се случуваат во земјата, како и потребата од уставни измени, како неодолива потреба Република Северна Македонија да го продолжи процесот на европска интеграција. Исто така, Ахмети ја информираше Џачка за заедничкиот Европски фронт кој има за цел да го финализира овој процес со членството на земјата во ЕУ како единствена алтернатива.

Во разговорот беше ставен посебен акцент на процесот на европската интеграција бидејќи двете земји чекорат по истиот пат и развојот се одвива во континуирани чекори, вклучително и скрининг процесот.

Ахмети и Џачка разговарале и за случувањата меѓу Косово и Србија и постигнатиот договор во Охрид, како единствена можност за мир и просперитет на Балканот, а во оваа прилика и за силната поддршка на Скопје и Тирана за целосно и неселективно спроведување на одредбите од овој договор.

ДУИ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ДУИ

 

Остани поврзан