• четврток, 26 декември 2024

Ахмети: Ќе се фокусираме уште повеќе во решавањето на економските проблеми во земјава

Ахмети: Ќе се фокусираме уште повеќе во решавањето на економските проблеми во земјава
Скопје, 8 јули 2020 Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, денес оствари средба со бизнисмени од градот Тетово и полошкиот регион. Претседателот Ахмети на средбата со бизнисмените, дискутираше за проблемите и тешкотиите со кои се соочуваат бизнисите на полошкиот регион. За време на разговорот тој истакна дека досега во фокус на политиката било стабилизирањето на државната безбедност, каде што постигнавме огромен напредок, и како резултат, нашата земја стана 30-та членка на Североатлантската алијанса - НАТО, што е големо достигнување за нашата земја. Но, од сега натаму, ќе се фокусираме уште повеќе во решавањето на економските проблеми со кои се соочува нашата земја - рече Амети. Во меѓувреме, кандидатот за прв премиер албанец Насер Зибери, ги истакна приоритетите во економскиот план, соочување со последиците од пандемијата, каде меѓу другото истакна дека „Со нашите политики во областа на децентрализацијата преку промена на законите ќе ја поддржиме економијата на нашата земја” додавајќи дека „Владата и воопшто политиката, ќе создадат услови за отстранување на бариерите за развој на домашните и странските компании, до што ние ќе бидеме отворена порта на оваа земја“ - заклучи Зибери. Демократска Унија за Интеграција ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Тагови

Остани поврзан