• вторник, 12 ноември 2024

Ахмети: Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја

Ахмети: Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја

Скопје, 1 февруари 2023Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните во општина Брвеница. Пред присутните, покрај претседателот Ахмети, се обратија и првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и претседателот на огранокот на ДУИ во Брвеница, Аркин Јахији.Али Ахмети – претседател на ДУИСекоја добро организирана политичка партија прави програма за тоа како ќе ги води и исполни сопствените платформи за кои разговара со стручни тимови, се со цел да не останат неисполнети ветувањата од програмите кои биле презентирани. Вечерва овде имам многу колеги со кои отпочнав темелна работа во партијата. Овие луѓе кои беа на нашите почетоци, денес ја носат палката на идните млади генерации. Овие средби ни помагаат директно да разговараме и да ги образложиме нивните барања, затоа јас сум тука повеќе од сите министри, заменици и директори да давам одговори. Дваесет години сме носители на процесот, тоа е морална и национална одговорност за она што го постигнавме и што мораме да го постигнеме во иднина, бидејќи политиката е хуманост, етика, морал и наука. Излеговме за заедничкиот фронт за Европа, бидејќи денес е вистинскиот и одлучувачки момент, затоа го започнавме скринингот кој завршува во ноември и меѓувладината средба мора да продолжи за да започне полноправното членство на нашата земја во ЕУ. Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја и помагаме младите генерации да не не напуштат. Имаме морална и национална обврска да ја запреме миграцијата, да ја обезбедиме иднината и да ги помириме луѓето. Да го оставиме минатото зад нас и да гледаме кон иднината за идните генерации да не се занимаваат со детали и препреки, да се потсетиме на крвта на оние кои се жртвуваа за оваа земја, па да се обединиме за ЕУ. И во минатото бевме во тешки периоди на војна. Кризата низ која поминавме со корона вирусот и сегашната криза што ја имаме, за која  мислев дека ќе биде полоша, но благодарение на нашите прекрасни тимови имавме супер менаџмент и подобро се справуваме за разлика од соседните земји. Регионот има нерешени проблеми кои мора да се решат, бидејќи во спротивно предизвикуваме нестабилност, па без затворање на проблемот со Косово не можеме да кажеме дека имаме стабилен Балкан, како и без затворање на кризата во Црна Гора и Босна. Кремљ е заинтересиран за поттикнување и активирање на конфликтни вулкани во нашиот регион, затоа мора да работиме за доброто на нашата земја, да изградиме проевропски фронт. Албанците и нивните сограѓани ја испратија државата во НАТО, па сега треба да ја испратиме и во ЕУ, но само со мудра и обединувачка политика. И покрај ризиците, ќе стигнеме до целта бидејќи никогаш не сме го изгубиле патот до некоја дестинација ако сме со добра намера, потенцира Ахмети.Артан Груби – прв вицепремиерЗа две недели се одржаа осумнаесет средби на кои лично многу ми се допаѓаат разговорите со граѓаните. Денеска имавме три владини седници, а вчера од Врапчиште соопштив една голема вест дека утре ќе се потпише договорот за Коридорот 8. Настанот ќе биде во 9 часот, а веќе следниот ден комисијата ќе се состане за да ги започне преговорите со „Бехтел Енка“ за да отпочнат работите. Денеска во Владата ја одобривме одлуката за формирање на Музичкиот театар и со тоа се заокружува институционалниот културен живот во нашата земја.Три седници на Влада, а ниту една минута отсуство од министрите на ДУИ. Денеска ги одобривме и програмите за образованието, животната средина, транспортот и поврзувањето како и сите други програми кои се очекува да се реализираат оваа година. Имаме извонреден тим од министри, заменици министри, државни секретари, директори, заменици директори итн, тимови чија цел е реализација на проекти. Денеска имаме Албанци насекаде, на државни функции кои некогаш беа само сон за Албанците. Го имаме спикерот на Собранието, Талат Џафери кој веќе е во вториот мандат. Сега имаме целосен консензус, ниту една одлука не била против Албанците, ниту антиалбанска, го направивме и пописот на населението по дваесет години, каде Албанците изнесуваат 19,5 отсто. Вие самите сте сведоци колку се спроведува и колку е успешна програмата на ДУИ, но гледам дека има забелешки за овој успех на ДУИ. Вакви кампањи имало секогаш, особено во клучни моменти за државата. Сега кога сме на прагот на уставни измени, има напади од Мицкоски со фотографии и Апасиев кој се занимава со ДУИ. Зошто ДУИ? Бидејќи ДУИ е гарант на мирот и евро-американски партнер, а токму претседателот Ахмети е тој кој го одржа во живот патот на дијалогот и решенијата за доброто на државата, НАТО се направи со Али Ахмети. Денеска претседателот ја започна оваа кампања за да се потенцира целокупната важност на членството на земјата во ЕУ. Ние сме на вистинскиот пат бидејќи сме на патот на Али Ахмети, изјави Груби.Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИОва е 18-та средба по ред што ја одржуваме со нашето членството, а ова масовно присуство и разговорите на средбите ја покажуваат вашата поддршка да го исполниме следниот чекор, а тоа е интеграција на земјата во ЕУ, рече Ахмети.Бујар Османи – министер за надворешни работиНа средбите што ги имаме со претставници на странски земји и меѓународни организации во Брисел, тие велат дека ова е несекојдневна година за Македонија. Оваа година е извонредна во однос на вниманието што Европа го има кон Западен Балкан. Следната година ќе биде доцна, затоа не треба да ја пропуштиме оваа можност да го продолжиме патот кон интеграцијата на земјата. Многу е добро што се одвиваат овие разговори, бидејќи во крупните процеси се потребни што повеќе размислувања и идеи, затоа треба да се прават проевропски политики. Се наоѓаме во период на политичка транзиција, од квантитет кон квалитет. Приоритетите се веќе променети, еднаш Албанците во ОБСЕ го презентираа насилството што беше вршено врз нив, а денес јас го водам ОБСЕ. Ова се моменти каде што е потребна решителност, бидејќи ние веќе не сме маргинализиран народ туку носители на важни одлуки. Порано имавме слаба застапеност во државната администрација, немавме универзитети, училишта или доктори, па сега не ни требаат бројки што не претставуваат, туку ни треба квалитет и професионализам. Оваа мисија е постигната заедно, па да го искористиме овој историски момент. Македонија повеќе не може да се гледа како центар на конфликти, бидејќи политиката на Али Ахмети ја промени таа слика враќајќи го мирот и дијалогот, појасни Османи.Аркин Јахији - претседател на огранокот на ДУИ во БрвеницаДУИ на 19.06.2022 година одржа внатрепартиски избори по принципот еден член еден глас, на кои беа избрани сите партиски органи, откако уверенијата ги подели лидерот Али Ахмети кој ни нареди да бидеме во служба на граѓаните, да работиме, а не да правиме разлики. За ова време ги слушав грижите и барањата на нашите жители и иселеници. Барањата се препратени до органите на партијата да се надоврзат со поддршка во локални проекти, било да е тоа патна инфраструктура, инвестиции во училишта или други проекти. Твојата иницијатива за заеднички фронт е многу легитимна, дваесет години се обидуваа да те освојат но не можеа, затоа треба да се постројат до тебе. ДУИ има простор за сите, за оние кои сакаат подобро општество. Ние новите генерации ја почитуваме партиската хиерархија, бидејќи вашата визија ни ја врати гордоста, затоа што вие самите сте гордост на Албанците, така што ќе ја имате поддршката од Албанците до крајот на животот, оцени Јахији.

 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан