• среда, 25 декември 2024

Ахмети: Сите граѓани мора да ја предводат државата кон ЕУ

Ахмети: Сите граѓани мора да ја предводат државата кон ЕУ

 

Скопје, 31 јануари 2023

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од сопартијци, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните на општина Врапчиште. Пред присутните, покрај Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бајрам Кадрија и претседателот на огранокот на ДУИ во Врапчиште Неби Реџепи.Али Ахмети – претседател на ДУИДенеска ми е жал што салата е мала, а интерсот за ваше присуство е голем. Сакам да се задржам на две прашања за дискусија, зошто се обврзуваме и против што се обврзуваме? Посветени сме на мир, стабилност, безбедност, ветинг, благосостојба. Во гласањето треба да се вклучат сите политичари, без разлика дали е голема или мала партија, да видиме како се и како биле овие политичари, сите без исклучок! Слушаме обвинувања и клевети за кражби, но јас не се занимавам со празни изговори. Посветени сме на обединување на политиките во државата, затоа што сега е решавачкиот момент за единство и заеднички јазик, сега е моментот за проевропскиот фронт. Албанците заедно со нашите сограѓани мора да се обединат, па да не се зафаќаме со теми поврзани со изминатите 20 години, туку да гледаме во иднината. ДУИ е излезена од важни процеси, затоа мора да се инвестира во младите и да се жртвуваме за нивно добро. Јас имав 40 години кога ја почнав војната, па денес многу генерации пораснаа со ДУИ. Се залагаме против бирократијата, за транспарентност и отчетност бидејќи тоа се пари собрани од даночните обврзници. Скринингот мора да биде завршен во ноември, така што овој процес мора да го поминеме чекор по чекор. Имаме уште многу работа, бидејќи само така ќе се приближиме до Европа. Така се постигнува подобар стандард и се запира миграцијата и луѓето остануваат и се враќаат во својата земја. Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон ЕУ . Со НАТО добивме многу, имаме безбедност во државата и сме еднакви со сите земји членки. Се бориме против криминалот, корупцијата, поделбите, затоа што работевме и ќе работиме за единство и зближување околу заедничката платформа, за новите генерации, затоа што на нивни плеќи се креваат други генерации. Се гордеам со нашите кадри секаде каде што се претставуваат, затоа мора да инвестираме во квалитетни кадри, изјави Ахмети.

Талат Џафери – претседател на СобраниетоДоволно зборував во Чегране, па нема да зборувам повеќе, бидејќи мислам дека доволно зборував и во Собранието. Ви благодарам многу за овие две успешни децении. Ако во 2002 година многу млади овде беа деца, денес тие се нова генерација која се држи до државните процеси и идеалите на ДУИ, рече Џафери.Артан Груби – прв вицепремиерДенес, конечно италијанската компанија „ИРД“  достави банкарска гаранција и го потпиша договорот за надзорен консултант за проектот Коридор 8. Во четврток во 09:00 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија. Тоа е супер голем проект за кој издвоивме 300 милиони евра, од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!, истакна Груби.Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИОд формирањето на ДУИ, забележани се многу промени во однос на политичките промени кај нас. Албанците од несакан народ станаа фактор во државата, од народ со основни барања стигнаа до универзитети, знаме и јазик. Добивме државни функции за кои не се мислеше дека ќе ги раководат Албанци. Со визијата на Али Ахмети станавме дел од НАТО, а сега продолжуваат напорите да станеме дел од ЕУ. Овие состаноци ни помагаат да ја елаборираме идејата за нашето членство во ЕУ, затоа со нетрпение го очекуваме разговорот за да ги слушнеме вашите идеи и мислења. ДУИ треба да стане уште помоќна структура, секогаш да биде покрај граѓаните, нагласи Ахмети.Бајрам Кадрија – пратеникЌе се фокусирам на две области во текот на овој мандат, но и од порано. Прво, како еден од основачите на ДУИ, сакал-нејќе се навраќам во 2002 година кога потпишавме да ја формираме оваа партија, нашата куќа. Со оваа куќа презедовме обврски, идеи кои треба да ги бираме, а не да нè избираат други, бидејќи доволно се направи со негирање на нашите права. Ни рекоа дека џабе сте со оваа иницијатива за формирање на ДУИ, но успеавме и 20 години сме на политичката сцена. Отсекогаш сме имале доверба во визијата на Али Ахмети и ќе останеме со него до последен здив. Второ, нормално не е завршена целата работа, затоа што може и подобро, но целта е секогаш добра. Демократската политика на ДУИ ја направи Македонија членка на НАТО, целиме кон ЕУ и веќе водиме со ОБСЕ. Денес сме горди на кадарот што произлезе од ДУИ, административците, лекарите, полицијата и многу други професионалци. ДУИ во Собранието води повеќе комисии, со по два члена, па и таму даваме целосен придонес за реализација на нашата платформа. Тие никогаш не губат од идеалот на партијата и тој на Али Ахмети затоа  ние сме секогаш покрај него. Многу партии дојдоа и отидоа затоа што не успеаја бидејќи немаа добри намери. ДУИ е тука и сега се обидува да создаде проевропски фронт, додаде Кадрија.Неби Реџепи – претседател на огранокот на ДУИ во ВрапчиштеСправувањето со гласачите, отчетноста и разговорот со граѓаните е основата на ДУИ, затоа сме овде вечерва во организација на лидерот Али Ахмети. Средби кои даваат сила да работиме во насока на реализација на нашите цели. ДУИ продолжува кон новиот идеал, оној за членство во ЕУ. Заедно ќе успееме да бидеме дел од Европа, како што станавме дел од НАТО. Заедно кон нашите цели до нивна реализација. Визијата на Али Ахмети и вредностите изградени од академијата на ДУИ несомнено ќе ве водат во овој процес, како што ве водиме во другите крупни процеси 20 години по ред. Тие што ги жртвуваа своите животи не се заборавени, затоа денеска мора да работиме посветено со нови и професионални кадри. Ваквата заложба даде невиден пример кај нас, со гласањето што се одржа пред неколку месеци по методот на еден член еден глас, модел досега невиден во ниту една политичка партија, зајакнувајќи го демократскиот идеал на ДУИ. Ние како ДУИ две децении го направивме најдоброто што е можно, затоа што оставаме белег на нашата политика за Албанците во оваа земја и тоа се прави само со нашиот лидер Али Ахмети. Претседателот веројатно се сеќава на оваа сала, беше оштетена и дотраена, но на владина седница кадри на ДУИ издвоија средства за санирање на оваа сала каде што вечерва ја одржуваме оваа средба. Финансиравме технички и инфраструктурни проекти колку што можевме, секогаш во насока на реализација на мисијата на Али Ахмети, рече Реџепи.

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан