• среда, 13 ноември 2024

Ахмети оствари средба со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти

Ахмети оствари средба со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти
Скопје, 3 јуни 2022 (MIA) - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска оствари средба со регионалниот директор за Европа на Меѓународниот републикански институт - ИРИ, Пол Мекарти. Ахмети и Мекарти, како што соопшти ДУИ, разговарале за соработката којашто треба да продолжи и во иднина. Ахмети се заблагодарил за поддршката што ИРИ ја дава во делот на градење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата. На средбата станало збор и за реформите во ДУИ при што Ахмети го информирал соговорникот за внатрепартиските избори што се одвиваат во ограноците на партијата низ слободен и демократски процес по принципот еден член - еден глас. Соговорниците разговарале и за спорот што земјава го има со Бугарија и за итната потреба од решавање на ова прашање притоа информирајќи дека земјата веќе ги исполнила условите за давање зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со Европската Унија. оџ/бак/  

Остани поврзан