• вторник, 24 декември 2024

Ахмети: Направете избор меѓу тие што прават историја или тие што не знаат два чекори напред да направат

Ахмети: Направете избор меѓу тие што прават историја или тие што не знаат два чекори напред да направат

Тетово, 5 мај 2024 (МИА) - Во Тетово вечерва централен митинг одржа Европскиот фронт предводен од ДУИ. Лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека нивната коалиција е силна и нејзина цел е да ја внесе земјата во Европската унија.

- Никогаш не сум излегол да кажам тоа што не можам да го направам, сме дале ветување дека оваа земја треба да биде полноправен член, оваа земја треба да има мир, треба да биде членка на ЕУ со поддршка на САД, исто како што влеговме во НАТО. Друга алтернатива нема. Залудни се силите што сакаат да не спречат. На 8 мај ќе треба да направите избор меѓу тие што прават историја или тие што не знаат два чекори напред да направат, истакна Ахмети.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците, која е дел од коалицијата, посочи дека граѓаните се тие кои одлучуваат за својата судбина.

- Вие сте луѓето кои одлучувате со вашиот глас и го остварувате вашиот суверенитет. Вие сте тука да им наредите на Мицкоски и на сите негови марионети, дека тие не одлучуваат. Вие одлучувате со вашиот глас за вашата иднина, а како што вие решивте на 24 април, истото ќе го правите и на 8 мај. Посилно ќе кажете „ДА за Европа и не за Русија, рече Села.

Мендух Тачи од ДПА, порача дека Фронтот за Европа е многу важен, со програма која има визија и цел.

- Нашата програма е многу јасна. Прво, стануваме дел од ЕУ, а ја тргаме и суспензијата на Албанија. ЕУ не е само хартија, туку е благосостојба, здравство, образование итн. Сите земји, но и Македонија, кога ќе отворат преговори, средствата за тие земји се множат. Знам дека ви е доста од политичките партии, но не го решаваме проблемот ако не им гарантираме на Албанците и на другите дека минималната плата на крајот на годината ќе биде 700 евра, истакна Тачи.

Аријанит Хоџа од Европската демократска партија имаше пораки до албанската опозиција.

- Нема да дозволиме оние од опозицијата со помош на Мицкоски да им ги отсечат крилјата на орлите. На 8 мај да ја пренесеме моќната порака, последниот удар, покажувајќи дека ниту плачот на Билал Касами, ниту Африм Гаши, ниту оние другите што ги менуваат позициите по пет пати на ден, не можат да ја спречат волјата на Албанците, рече Хоџа. ас/бак/

Фото: ДУИ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан