• понеделник, 18 ноември 2024

Ахмети: Мала излезност на изборите за советници во Тетово

Ахмети: Мала излезност на изборите за советници во Тетово
Скопје, 20 август 2022 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на денешната прес-конференција по завршувањето на изборите за советници за Општина Тетово истакна дека излезноста била многу ниска. Според него, од 76 проценти од преброените гласови, ДУИ има добиено вкупно 7.706 гласови. - Неизлезноста е многу висока на овие избори, за жал и во погрешно време, но ова е демократија и ние ја почитувавме. ДУИ досега има добиено 7.706 гласови, Движењето Беса 8.341, ДПА 788, Алијанса за Албанците 614, Алтернатива 699, ВМРО-ДПМНЕ 2.169, СДСМ 1.316, листата „За подобро Тетово“ 414, Левица 347, Партијата на Турците 164, Партијата на Ромите 104 и Интегра 94 гласови“, рече тој. За нас, потенцира Ахмети, најважни се процесите, најважно е и понатаму да продолжуваме да инвестираме во демократски стандарди, почнувајќи од изборните процеси до владеење на законот, на правната држава. фф/нд/

Остани поврзан