• сабота, 21 декември 2024

Ахмети: Зелената агенда носи промена, ја обезбедува иднината и просперитетот

Ахмети: Зелената агенда носи промена, ја обезбедува иднината и просперитетот
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот во Желино каде беа претставени кандидатот за градоначалник Фатмир Изаири и советничката листа предводена од Шевал Сулејмани. - Со оваа советничка листа на чело со Шевал, има момчиња и девојчиња кои ќе му бидат од голема помош на Фатмир во донесувањето важни одлуки и проекти за општината. По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда бидејќи ова е живот, затоа што ја обезбедува иднината, обезбедува просперитет, рече Ахмети. Изрази максимална поддршка за кандидатурата на Изаири, посочувајќи дека тој е еден од оние градоначалници кои реализирале најмногу проекти во Желино. Според организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби, секој даден глас за Изаири, е глас за достоинство на општината. - Вашиот глас не е само за избор на Фатмир Изаири на чело на Желино, туку и за достоинството на општината, тоа е и за имиџот на општината, како општината се перцепира од сите други општини, од Владата и од меѓународна заедница, рече Груби. Кандидатот за градоначалник Изаири вети зелени површини, решавање на проблемот со водоснабдување, патишта, училишта и спортски сали. - Демократската унија за интеграција одлучи да ја спроведе зелената агенда која е во целосна согласност со сите развиени земји. Таа не е само реченица, туку содржи мноштво добро проучени и добро смислени акции за тоа како да се постигне. Клучниот збор на мојата програма е вода за пиење за секоја куќа, отстранување на фекалните води, асфалтирани патишта, училишта, шеталишта, спортски сали, зеленило итн. Програма до која секој ќе има пристап, рече Изаири пред жителите на Желино. Носителот на листата за советници Шевал Сулејмани ги повика жителите на Желино на 17 октомври да гласаат за ДУИ. -Нашата понуда е јасна, конкретна и богата како никогаш досега, бидејќи е подготвена врз основа на зелената агенда. Единствено што треба да направите е да одвоите 15 минути време, од местото на живеење до избирачкото место, но ќе добиете четири години живот, четири години достоинство, четири години развој, четири години социјална заштита, рече Сулејмани. Демократската унија за интеграција утре ќе ја продолжува предизборната кампања со собир во Дебар каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник и листата на советници. ас/бак/

Остани поврзан