• среда, 18 декември 2024

Ахмети: Најмудрата одлука ќе биде да се отфрлат иницијативите за Законот за јазиците

Ахмети: Најмудрата одлука ќе биде да се отфрлат иницијативите за Законот за јазиците

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој денеска се обрати пред почетокот на седницата на Уставниот суд само на албански јазик, рече дека најмудрата одлука ќе биде да бидат отфрлени 13-те иницијативи поднесени за Законот за употреба на јазиците. 

- Сакаме мир, сакаме стабилност, дојдовме овде како семејство, не дојдовме да се судриме, туку да го слушнеме гласот на разумот. Секоја непромислена, немудра одлука ќе предизвика револт и огорченост кај Албанците затоа што се ускратува едно право за кое низ вековите не само што многу се жртвувало. Не сакаме луѓето кои се внатре, целосно непочитувајќи ја волјата на огромното мнозинство Албанци, да ја донесат најлошата одлука да не доведат во ситуација по кој пат ќе одиме оттаму, рече лидерот на ДУИ. 

Порача сите заедно Албанци, Македонци, Турци, Власи, Босанци, Роми и Срби да работат на унапредување на мирот и меѓусебното почитување.

 - Да го одржуваме мирот, стабилноста, да имаме добри меѓуетнички односи затоа што не може да се смени ниту географијата, ниту историјата. Да градиме со почит еден кон друг, една заедница за друга и сите заедници заедно. Не ни треба минатото да ни се врати. Сите заедно мора да изградиме најодржлива и најпросперитетнаиднина за сите нас, рече лидерот на ДУИ.

По изјавата на Ахмети, потпретседателот на партијата Бујар Османи даде изјава на македонски јазик во која најави дека транскрипт од говорот на лидерот на партијата ќе биде испратен до медиумите.

Уставниот суд на Северна Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. фф/бак/

Фото: Фејсбук на ДУИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан