• сабота, 16 ноември 2024

Ахмети до Мицкоски: Не требаше да ја започне оваа битка, тој не знае како се води држава, да не ги повторуваме грешките од минатото

Ахмети до Мицкоски: Не требаше да ја започне оваа битка, тој не знае како се води држава, да не ги повторуваме грешките од минатото

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направил грешка, и затоа му кажал дека е млад и треба внимателно да ги слуша неговите изјави и да не го провоцира.

Ахмети смета дека Мицкоски не направил добро што излегол на митинг на својата партија и побарал да не се даде ниту еден глас за кандидатите на Европскиот фронт.

- Тој не требаше да ја започне оваа битка бидејќи со мене не може да излезе на крај, јас не сум го провоцирал туку сум кажал една вистина дека тој се уште нема ниту еден ден на чело на државата. Тој е седум години опозиција и не знае како се раководи државата, тој не знае како се градат институциите, ние сме држава и сносиме одговорност за раководење на државата, сносиме одговорност за да нема меѓуетнички разлики, сносиме одговорност да не повикуваме за да гласаат или да не гласаат против овој или оној. Народот е тој што одлучува и воопшто не е навреда за Христијан Мицкоски туку е совет од еден човек кој има 22 годишно искуство во политичкиот организацискиот живот и водење на државата, вели Ахмети.

Запрашан за денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Ахмети по изборите ќе замине во политичка пензија, лидерот ДУИ рече дека Мицкоски не одлучува кој е за пензија, туку граѓаните.

- За пензија не одлучува Христијан туку граѓаните. Ние сме во трка, трката ќе утврди кој каде. Да го потсетам Христијан Мицкоски дека јас како него досега деветмина политичари сум пензионирал…… Добро е да не брза со овие проценки…“, вели Ахмети.

Според него, најголемите политичките партии треба да имаат и најголема одговорност, и да бидат тие кои предничат со цел да се зближуваат граѓаните.

- Зборувам за минатото и грешките од минатото не смееме да дозволиме денес да ни се повторат, како што кажа Мицкоски не гласајте за кандидатот на Фронтот, не гласајте за Али Ахмети, не гласајте за ДУИ или и со други навреди во кампањата. Има се уште предрасуди кај македонската заедница, најголемата заедница. Со секое унапредување на правата на Албанците и помалите заедници како што се турската, бошњачката, ромската, се чувствува загриженост дека ќе им се одземе државата, што не е така. Охридскиот договор, правата на заедниците што ги добиле само ја зајакнува државата, ја бетонира државата затоа што се зголемува лојалноста на граѓаните во однос на државата, рече Ахмети.

За извиците УЧК на вчерашниот митинг во Скопје, тој кажа дека „тие биле природни, бидејќи без ОНА немало да биде денешната Македонија“.

- Пред 15 години на истиот плоштад повикав на минута молчење за сите војници на ОНА. Затоа, кога го слушнав екот на младите кои извикуваа ОНА, сигурно дека ме вратија во 2001 година, но сигурно дека тој плоштад бил преполн со луѓе дојдени од четири страни, патриоти, за да дадат поддршка за една филозофија, за една платформа која ја чувствуваат како своја и извиците ОНА се природни бидејќи без ОНА немаше да биде денешната Македонија оваа која е, или пак немаше воопшто да постои. ОНА беше таа која го промени политичкиот, правниот статус на Албанците во Македонија, но и другите заедници кои беа присутни таму и прв пат овие заедници влегоа заедно во еден фронт бидејќи и тие видеа дека ОНА и на нив им го смени политичкиот и правниот статус, и тие добија некои нивни права, независно што после 20 години, но сега е соодветниот момент, овој важен момент и за нив, но повеќе за нас како најголемата заедница во земјава. Нема потреба да се срамиме да се извикува ОНА во сите плоштади и градови во Р. Македонија, изјави Ахмети.са/ев/

Фото: ТВ 21

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан