• среда, 18 декември 2024

Ахмети: Дехари е градоначалник за сите и затоа да го дадете својот глас за него

Ахмети: Дехари е градоначалник за сите и затоа да го дадете својот глас за него
Кичево, 13 октомври 2021 (МИА) - Фатмир Дехари е градоначалник за сите и затоа да го дадете својот глас за него, повика вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети на предизборниот митинг на партијата на градскиот плоштад во Кичево. Ахмети нагласи дека ова е мандат за нов успех бидејќи Зелената агенда е целата систематизација на проектираната средина во сите области, подвлече, се очекува конечниот епилог да започнат работите. - Во проект е гасификацијата да започне следната година во Кичево што и помага на нашата Агенда  за да не се загадува воздухот. На моите плеќи има големи одговорности во изборот на кадри, вклучувајќи го и Фатмир Дехари. Користам три инстанци, базата - огранокот, центарот каде што сум и јас, и народот. И јас ја почитувам волјата на мнозинството на народот затоа што ова е новото поглавје, нагласи претседателот на ДУИ Ахмети. Тој ги истакна досегашните резултати на Дехари како градоначалник за сите во оваа општина и потенцира дека тој ќе продолжи и понатаму да го гради и да го осовременува Кичево. - Зад нас е времето на Охридскиот договор.Ние сега вртиме нова страница за зелено Кичево, за чист и развиен град, град на интелектуалци.Нашиот кандидат Фатмир Дехари низ овие осум години потврди дека бил градоначалник за сите во оваа општина и во тој правец нека потврди и проектот за изградба на капела кај православните гробишта во Кичево. До транзицијата немавме ниту еден универзитет, а сега ги имаме неколку. Најновиот Мајка Тереза, ќе се всели во новата зграда што ќе се изгради во скопската касарна. Уште еднаш апелирам до гласачите, до нашите граѓани, другари и пријатели да гласаат за Фатмир Дехари, кој како и во претходните два мандати ќе ги исполни вашите и наши очекувања, порача Ахмети од Кичево. Кандидатот за градоначалник за трет мандат на овие локални избори Фатмир Дехари, најави забрзан развој на Кичево, град на задоволни граѓани, чист и привлечен за сите негови жители  и без понатамошно иселување. - Кога во 2013 година дојде до трансфер на власта, постоеше одредена резерва кај многумина како понатаму ќе функционира оваа општина и градот Кичево. Но и сами можете да бидете сведоци каков препород доживеа градот во изминатите осум години, рече Дехари и најави целосна транформација на градот и општината. Дехари и најави враќање на дел од дијаспората во Кичево и нови инвестиции од нивна страна и ја повика младината да остане тука. - Со неговите ресурси и богатство Кичево ќе инспирира и враќање на граѓаните од дијаспората да инвестираат во татковината и да го направат Кичево атрактивно место во сите правци.Столбот на општеството, напредокот, сплотени рамо до рамо, кичевска младино ве повикувам да бидете составен дел од градот кон нашата заедничка трансформација. Ве замолувам да не носите брзи одлуки, емотивни и депресивни одлуки за заминување, но ве охрабрувам да ги обедините желбите и заедно да ги надминете тешкотиите и да создадеме можности и вработување и во јавниот и во приватниот сектор, посочи  Дехари во своето обраќање. Најави и дека има визија за екомоски развој на градот и општината и за повисок стандард на неговите жители. - Да се свртиме кон економски развој и сите да се сплотиме независно од политичка, верска и национална припадност и нашата општина да биде на врвот што ги исполнила условите и животните стандарди кои повикуваат и враќаат од очај. Ја враќаат среќата изгубена со децении и ги надминуваат намалените можности за достоинствен живот и здрава животна средина, рече Фатмир Дехари. На митингот, пред голем број присутни членови и симпатизери на ДУИ, им се обратија и Крешник Бектеши,  Артан Груби и Талат Џафери. Талат Џафери истакна дека кичевци и на овие избори ќе знаат како да направат разлика, да постапат праведно и да гласаат зелено. - Сите сме решени да ја продолжиме победата постапувајќи правилно, како што постапивме правилно во сите изборни циклуси. Кичево ги води крстосниците од одамна, нејзиниот пат е само ДУИ и број 3, за да продолжи со својот син кој знаеше да ја води општината без да ги разликува граѓаните. Затоа, убеден сум дека кичевчани и на овие избори ќе знаат да постапат праведно и да гласаат зелено, истакна Талат Џафери пред граѓаните. Груби меѓу другото истакна дека вечерва сите се овде за да го поддржат Фатмир Дехари. за/цр /  

Остани поврзан