• вторник, 24 декември 2024

Ахмети во Дебар: Се надевам на брзо решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ

Ахмети во Дебар: Се надевам на брзо решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ
Дебар, 8 октомври 2021 (МИА) – Во овие 20 години нашите напори беа насочени кон унапредување на кадри, зашто се стремиме кон Европската унија, зашто специјализиран кадар, спроведувањето на законот и борбата против корупцијата се патокази кон ЕУ. Министерот Бујар Османи е максимално ангажиран за надминување на спорот со бугарската страна, се надевам на брзо решение и почеток на преговорите со ЕУ, рече меѓу другото лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот изборен митинг во Дебар. Додаде дека изборите не треба да се гладијаторство туку ден на празник, на кој дебрани и сите Албанци, како и до сега ќе покажат достоинствен и цивилизиран однос. Порача исто така дека минатото не треба да се заборави, но и никогаш да не се повтори.   Кандидатот за градоначалник Хекуран Дука, кој по вторпат ја бара довербата на дебрани, откако ги презентираше досегашните, како што оцени, успешно реализирани проекти, рече дека нема тука да застане, туку ќе продолжи за доброто на општината и жителите, презентирајќи ја изборната програма. - Ова е програма, која Дебар ќе го однесе кон поголем развој, со поголема ангажраност и работа со цел унапредување на сите процеси на општествениот живот. Зелената агенда за Дебар ќе значи општина со поголеми надлежности, со повеќе финансии, со одговорно владеење, со појдовна основа - транспарентност, нула толеранција за негативни појави, во секој момент да се чуе гласот на секој граѓанин, рече меѓу дргото Дука. Додаде дека програмата предвидува постојано одржување на патната инфраструктура, споменувајќи притоа реконструкција на повеќе улици во градот и патни правци до повеќе населени места, регулирање на градските паркови и зеленила и секако поддршка за проекти на млади кои сакаат да отпочнат бзнис. Пред дебрани се обрати и претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафри, кој рече дека не се сомнева во изборот на дебрани и искажа убеденост дека тоа е Хекуран Дука и кандидатската листа за советници на ДУИ. Упати апел за масовна и досотинствена излезност на 17 октомври. Се обрати и вицепремиерот Артан Груби, кој рече дека не може некој кој живее во Скопје да сака да биде градоначалник на Дебар, кој не ги знае проблемите и потребите на дебрани, алудирајќи на кандидатот на Алијасата на Албанците-Алтернатива, кој е по потекло од Дебар, но живее и работи во Скопје. Пред прсутните беа претсавени кандидатите за советнци. Во нивно име носителот на листата Фуат Спахиу, вети дека ќе работат одговорно и посветено во интерес на граѓаните. вт/оџ/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан