• среда, 27 ноември 2024

Ахмети: Веруваме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивните ситуации, од голем интерес е да не го изгубиме чекорот за членство во ЕУ

Ахмети: Веруваме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивните ситуации, од голем интерес е да не го изгубиме чекорот за членство во ЕУ
  Скопје 6 декември 2020 (МИА) - Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања, смета претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. Тој во изјава за Канал 5 вели дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми. - Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата,  ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот за членување во Европската унија, рече Ахмети.фф/скс/

Остани поврзан