• вторник, 24 декември 2024

АХВ: Неделава спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки

АХВ: Неделава спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки

Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватните градинки на целата територија на државава. Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парични казни.

-Хигиенските барања кои се однесуваат на немплелемтирани процедури на Добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните, се наведува во соопштението од АХВ.

За отстранување на утврдените недоследности, како што посочуваат од АХВ, издадени се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции - парични казни.

-Со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна, велат од Агенција за храна и ветеринарство. дма/

Фото:

Остани поврзан