• среда, 27 ноември 2024

АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди за еутаназијата на свињите во Таринци

АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди за еутаназијата на свињите во Таринци

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде е во тек спроведувањето мерки за еутаназија согласно донесените решенија за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние кои се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат еутаназирани, најодговорно тврдиме дека во соопштението на здружението се изнесени лаги, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, еутаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните кои треба да се еутаназираат, па се до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата.

-Најодговорно тврдиме, животните кои треба да се еутаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението. Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини питка вода и сместени во соодветни објекти кои се добро проветрени и осветлени. Во услови на справување со епидемија, изнесувањето на вакви невистини и манипулирањето со јавноста не оди никому во прилог и е за најголема осуда, наведува АХВ во реакцијата. мч/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан