• сабота, 23 ноември 2024

АХВ И МВР спречија шверц со јагниња

АХВ И МВР спречија шверц со јагниња

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со припадници на Министерството за внатрешни  работи (МВР) открија и спречија шверц на јагниња во Албанија.

Како што информира АХВ, се работи за 63 јагниња кои требало нелегално да се извезат во Албанија, а биле одгледувани близу Прилеп.

-Во координирана акција, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена  контрола од инспектори на АХВ е утврдено дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните. Согласно дадената изјава на транспортерот, животните се со потекло од населено место во Прилеп, наведува АХВ.

Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење. мч/aa/

фото: МИА архива

Остани поврзан