• четврток, 26 декември 2024

АХВ и Ветеринарната комора ќе потпишат методологија за утврдување на цените за активности од јавен интерес

АХВ и Ветеринарната комора ќе потпишат методологија за утврдување на цените за активности од јавен интерес

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Ветеринарната комора на Република Северна Македонија денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје ќе го одржи своето 27. редовно Годишно собрание, во рамки на кое со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде потпишана Методологијата за утврдување на цените за активности од јавен интерес.

Потпис на документот ќе стават директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комора Томислав Николовски.

Со потпишување на овој значаен документ, како што наведуваат од Комората, системски и трајно се решава проблемот со утврдување на цените за активностите, кои Ветеринарните друштва ги извршуваат по налог на државата, а се однесуваат на спроведување на превентивни мерки кај животните, за болести кои, пред се, имаат јавно здравствено значење. 

-Долгогодишните нерешени проблеми со цените за активности од јавен интерес беа повод во блиското минато за протести на ветеринарите и најава за престанок на работа, така решавањето на овој горлив проблем претставува многу значаен успех и плод на заедничката соработка помеѓу ВКМ и АХВ, наведуваат од Ветеринарната комора. вг/аа/

Остани поврзан