• сабота, 28 декември 2024

АФПЗРР: Исплатена помошта за произведени бројлерски пилиња

АФПЗРР: Исплатена помошта за произведени бројлерски пилиња
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ја реализираше исплатата за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности и директните плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни пилиња од јајценосни хибриди како и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирни кланични капацитети. -За 9516 лица се исплатени 94,8 милиони денари, а корисници на поддршката се земјоделските стопанства кои вршат земјоделска и сточарска дејност на надморска висина над 700 метри, информираат од АФПЗРР. Корисниците на мерката за ПОМ со извршената исплата, како што е наведено во соопштението од Агенцијата, добиваат дополнителна финансиска поддршка во висина од 15 отсто од основните директни плаќања по површина или грло добиток. -За произведени еднодневни бројлерски пилиња се исплатени две земјоделски стопанства со финансиска поддршка од 5.4 милиони денари. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои произвеле за сопствени потреби или продале еднодневни бројлерски пилиња. Висината на поддршката е шест денари по пиле за сопствени потреби, односно 10 денари за продадено пиле, се наведува во соопштението. Од АФПЗРР посочуваат дека за три земјоделски стопанства се исплатени дирекните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети. Поддршката за овие корисници изнесува 12.6 милиони денари, а висината на поддршката по одгледано и заклано пиле е 40 денари. дма/са/

Остани поврзан