• петок, 20 декември 2024

Ауди: Не сме му дале понуда на Биното

Ауди: Не сме му дале понуда на Биното

Нојбург, 13 juni 2023 (MIA) - Од „Ауди“ ги демантираат информациите дека му дале понуда на Матија Биното, која била одбиена.

 

Германскиот производител на автомобили се подготвува да влезе во Формула 1 како фабрички тим во 2026 година со купување на мнозински удел во Заубер.

 

Неколку британски изданија неодамна објавија дека поранешниот шеф на Ферари добил понуда од Ауди и остварил првични разговори во тимската база, но не била постигнат договор.

 

- Можеме да потврдиме дека Матија Биното никогаш не го посетил професионалниот тркачки центар Нојбург, каде што е седиштето на „Audi“, изјави портпаролот на компанијата.

 

Во исто време, Ауди не демантира дека никогаш не биле заинтересирани да го ангажираат Биното. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан