• четврток, 26 декември 2024

АТП турнирот во Марсеј нема да се одржи во февруари

АТП турнирот во Марсеј нема да се одржи во февруари
Марсеј, 8 декември 2020 (МИА) – Тенискиот турнир во францускиот град Марсеј којшто требаше да се одржи од 15 до 21 февруари, нема да се игра во закажаните термини, бидејќи тие сега се совпаѓаат со втората недела на Грен слемот Австралија опен. Француските организатори соопштија дека турнирот најверојатно ќе се одржи во периодот 8-14 март. Точниот термин ќе зависи од тоа дали Мастерсот во Индијан Велс предвиден да започне на 10 март ќе биде откажан. Претходно беше објавено дека организаторите на турнирот во Индијан Велс се подготвени да бидат домаќини само доколку властите во Калифорнија дозволат влез на најмалку 25% од публиката. зс/

Остани поврзан