• петок, 27 декември 2024

Атмосферска канализација се инсталира на индустриската улица во Гевгелија

Атмосферска канализација се инсталира на индустриската улица во Гевгелија
Гевгелија,15 јануари 2020 (МИА) - Работите за инсталирање на атмосферска канализација на улицата „Индустриска“, во стопанската зона на влезот во Гевгелија, деновиве добиваат засилено темпо на изведба. -На дел од оваа улица, како и на дел од новопланираната сервисна улица, веќе се поставува канализациската линија за атмосферски води со што ќе се реши најгорливиот проблем со поплавување на стопанските капацитети со кој вработените се соочуваа по секој пообилен дожд, рекоа денеска од Општина Гевгелија. Тие посочија дека целиот зафат чини три милиони денари од кои нешто повеќе од 1,7 милиони денари се добиени преку грант од проектот за подобрување на општинските услуги, а 1,3 милиони денари се сопствено учество на општината. Изведбените работи продолжуваат и во станбената населба Караорман каде се поставува водоводна линија на три улици, проект чија што вредност изнесува 4,5 милиони денари, потврдија од општината. Од општина Гевгелија информираа дека по завршување на овој зафат, во населбата Караорман, веднаш ќе почне поставувањето на канализациска мрежа со финансиски средства од општинскиот буџет. им/ир

Остани поврзан