• среда, 25 декември 2024

Атлетико е подготвен да го продаде Облак

Атлетико е подготвен да го продаде Облак

Мадрид, 1 мај 2024 (МИА) - Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид. Според „AЅ“, словенечкиот голман го загубил статусот на незаменлив играч, а мадридскиот клуб е подготвен да ги слушне понудите за негов трансфер.

Атлетико сака да го обнови својот тим во текот на летото и да се раздели со своите најплатени играчи. Платата на Облак е една од највисоките во клубот, голманот добива 10 милиони евра нето по сезона.

Самиот голман знае дека Мадрид е подготвен да го продаде. Тој сака да се обиде во Премиер лигата доколку мора да го напушти сегашниот тим.

Забележано е дека Атлетико е заинтересиран за грузискиот репрезентативен голман Џорџи Мамардашвили. Валенсија за 23-годишниот голман ќе бара 25 милиони евра.

Облак за мадридскиот клуб настапува од сезоната 2014/15. Во тековната сезона во Ла Лига одигра 33 натпревари и прими 39 голови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан