• среда, 18 декември 2024

Атланта се пласираше во полуфиналето на НБА Купот

Атланта се пласираше во полуфиналето на НБА Купот

Атланта, 12 декември 2024 (МИА) - Атланта ноќеска го победи Њујорк во четвртфиналето на НБА Купот со 108:100.

Напаѓачот на Хокс, Де'Андре Хантер постигна 24 поени и беше најефикасниот играч на натпреварот. Дабл-дабл забележа Треј Јанг со 22 поени и 11 асистенции.

Атланта во полуфиналето ќе игра против Милвоки. Натпреварот ќе се одигра на 15 декември.

Во другото полуфинале на НБА Купот ќе се соочат Оклахома Сити и Хјустон рокетс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан