• петок, 27 декември 2024

Атанасоски: За архитектурата на црквата на Трескавец е вклучен грчки експерт

Атанасоски: За архитектурата на црквата на Трескавец е вклучен грчки експерт
Прилеп, 30 мај 2022 (МИА) - Црвата „Успение на пресвета Богородица“ во Трескавец нема опасност да се распадне. Темелно се работи на проектот за нејзина заштита, а за комплицираната архитектура вклучен е грчки експерт, уверуваат од прилепскиот „Завод и музеј“ во однос на тоа каква е состојба на манастирската црква и што се прави за нејзината заштита. Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот завод и музеј, црквата превентивно е заштитена со конструкција, а проектот е во изработка. Влагата целосно не може да биде отстранета, а за проект, поасочи, им пропаднале тендери и никој не се јавил. -Го контактиравме и веќе ќе биде вклучен грчки професор од Атина кој е експерт за архитектура. Тој е вклучен и во проектот во Курбиново и во неколку други цркви од тој период кај нас. Проектот за заштитата на црквата е во изготвување, а кога ќе се реализира ќе бидат предвидени сите тие нови методи и материјали кои во моментов се актуелни и ќе бидат искористени во заштитата на фрескоживописот и на архитектурата.  Во црквата не може да има до 90 насто влага. Најодоговорно трвдам дека ситуацијата не е таква каква е прикажана. Со апарати се мери влагата. Ние целосно, 100 насто, не може да ја отстраниме влагата, тоа би предизивкало големи оштетувања. Имаме направено превентивна заштита на фрескоживописот. Истото го работевме во последно време и на камбанаријата која ја заштитивме со дрвена конструкција додека се работи проектот за нејзина заштита. Имавме голем проблем. Не можевме да најдеме фирма за испитувањето на влагата и на конаците, но и на црквата. Ни пропаднаа неколку тендери.  Се судираме со реални проблеми кои не може лесно да ги решиме. Има недостиг од стручен кадар. Не може да се најдат стручни лица кои ќе направат темелен проект за конзервација на самата црква. Но, не можам да кажам зошто црквата со децении е оставена така, објаснува Атанасоски. Проектот за фрескоживописот е во завршна фаза и ќе биде заштитен во онаква состојба во каква што е сега. -Архитектурата на црквата е комплицирана, повеќе фази се во прашање и треба да се реши во која фаза ние ќе ја заштитиме црквата, вели Атанасоски. Инаку, државата вложи околу два милиона евра во обновата на конаците. ем/цр

Остани поврзан