Атанасов: Ќе дадеме се од себе за победа
- Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот го играат последниот натпревар од регуларниот дел од АБА 2 лигата
Широки Бријег, 10. март 2026 (МИА) – Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот го играат последниот натпревар од регуларниот дел од АБА 2 лигата. „Металците“ гостуваат кај екипата на Широки, екипа која има само еден пораз во досегашниот дел од натпреварувањето. За македонскиот претставник само победа е опција и тоа со што поголема разлика.
- Ќе дадеме се од себе да дојдеме до бодовите со потребната разлика за да се пласираме во плејофот, а дали ќе успееме во тоа ќе покажат 40-те минути од овој натпревар. Свесни сме дека се наоѓаме пред голем императив да победиме на теренот на една од најдобрите екипи сезонава во АБА2. Секако дека нема однапред да се предадеме, туку ќе играме максимално борбено и фокусирано до последниот звук на сирената, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Васко Атанасов.
Натпреварот Широки – МЗТ Скопје Аеродром почнува во 20 часот. мн/
Фото: Фејсбук МЗТ Скопје Аеродром