• четврток, 19 декември 2024

Атанасов најмлад тренер со титула во макбаскетот

Атанасов најмлад тренер со титула во макбаскетот

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) – МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја почна со Александар Петровиќ на клупата, кратко време на неа седеше Драган Николиќ, но екипата кон јубилејната десетта титула ја однесе – Васко Атанасов.

 

Со 29 години и два месеца Атанасов влезе во историјата на макбаскетот како најмлад тренер со шампионски прстен.

 

- Радоста е голема, титулата го потврди нашиот квалитет и е награда за сиот труд вложен на стотиците тренинзи почнувајќи од август. Верувавме во себе, го анализиравме секој противник, поставувавме посебна игра со цел да му ги искористиме слабостите и на крајот дојдовме до целта. Заслугите за овој успех се буквално на сите во клубот, од прв до последен. Имам огромна благодарност за кошаркарите, за трудот и за вербата што ја имаа и за моите соработници од стручниот штаб, секако и за управата без која ништо немаше да биде возможно. Вложивме голем труд и сега заслужено треба да прославиме, изјави Атанасов.

 

Тимот од Аеродром вчеравечер ја освои 10. шампионска титула совладувајќи го во финалето на плејофот Пелистер со 3:0 во победи. зс/

Остани поврзан