• четврток, 19 декември 2024

Атанасов: Бугарија ќе испрати воено-техничка помош на Украина

Атанасов: Бугарија ќе испрати воено-техничка помош на Украина
Софија, 3 април 2022 (МИА) - Копретседавачот на Демократска Бугарија, дел од владејачката коалиција, Атанас Атанасов, за БТВ изјави дека Бугарија ќе обезбеди воено-техничка помош за Украина. Како што јави дописникот на МИА од Софија, предлогот за испраќање на воено-техничка помош за Украина, партијата Демократска Бугарија го доставил во петокот. Атанасов истакна дека се надева дека за предлогот ќе се гласа во Парламентот во текот на следната недела. Атанасов најави дека опозициската ГЕРБ и Движењето за права и слободи даваат сигнали дека се подготвени да ја поддржат владејачката партија, додека БСП најверојатно нема да ја поддржи одлуката. Атанасов се осврна и на скандалот со некои вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија, кои работеле за Русија. - Крајно време е да се расчисти. Во службите имало лица кои работеле за Русите и тие мораа да бидат разоткриени и казнети, наведе Атанасов додавајќи дека требало веднаш да има апсења. нк/ми/

Остани поврзан