• четврток, 26 декември 2024

Атанасовски: Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој

Атанасовски: Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој
Македонска Каменица, 4 март 2022 (МИА) - Рудникот Саса продолжува со реализацијата на новата капитална инвестициска програма во вредност од над 20 милиони долари. По денешната посета на рудникот, градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски истакна дека е задоволен од реализацијата на новите капитални инвестициски проекти, кои според него треба да овозможат натамошен одржлив развој на рудникот.
-И во оваа прилика сакам да нагласам дека САСА, како најголем стопански капацитет во нашата општина и пошироко, има големо значење за локалниот економски развој и обезбедува социјална сигурност за голем број семејства, што е особено важно во сегашните турбулентни времиња. Токму затоа јас се залагам ваквите одговорни компании да ја добијат целокупната поддршка која е неопходна за реализација на нивните развојни планови, кои носат долгорочни придобивки за сите, како на локално, така и на национално ниво, изјави Атанасовски.
Во рамки на посетата, на Атанасовски му беа презентирани досегашните вложувања во САСА во сите области на работата на рудникот, кои во изминатите четири години од влезот на инвеститорите - компанијата Централ Азија Металс од Лондон, надминаа 30 милиони долари.
Најголем дел од овие средства се вложени во набавка на нова современа рударска опрема и технологија за производство, во дигитализација на одредени работни процеси, во системот на безбедност и заштита при работа, како и во натамошно унапредување на стандардите и условите за работа и на професионалниот развој и благосостојбата на вработените.
Во рамки на посетата, Атанасовски се запозна и со ефектите од големиот број општествено одговорни активности и проекти наменети за поддршка на заедницата, кои САСА ги спроведува во континуитет, а во чија реализација само во текот на мината година се вложени над 400 илјади долари.
-Преку ваквите посети и директната комуникација, имаме можност да ги претставиме пред институциите нашите развојни проекти, како и проектите за поддршка на заедницата, со што се отвора патот за нивна побрза и поефикасна реализација, што е добро за сите, како за компанијата и за нејзините вработени, така и за локалната заедница и за земјата во целина, затоа што успехот на САСА, рече Јеланд, напоменувајки дека симбиозата меѓу рудникот и локалната заедница и силните односи кои Рудникот ги има во Македонска Каменица и на национално ниво е од суштинско значење, за развој на заедницата.вс/бт/

Остани поврзан