• сабота, 23 ноември 2024

Атанасовски: Македонска Каменица ќе добие рекреативен центар со содржини за млади и возрасни лица

Атанасовски: Македонска Каменица ќе добие рекреативен центар со содржини за млади и возрасни лица
Македонска Каменица, 14 октомври 2021 (МИА) - Ние гледаме кон иднината, кон едно посветло поглавје во историјата на Македонска Каменица, изјави на денешниот митинг кандидатот за градоначалник на Општина Македонска Каменица на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  Димчо Атанасовски. Како негови приоритети доколку биде избрана за градоначалник Атанасовски ги наведе изработка на стратегија за долгорочен економски развој на општината и создавање на здрава основа за враќање на иселениците во нашата општина, изградба на станбена зграда за субвенционирано социјално живеење и на пензионерски дом и промоција на Македонска Каменица како место каде граѓаните можат да ги живеат пензионерските денови, доделување парична помош за социјално ранливи лица, отворање на посебна наменска сметка на која секој од Република Македонија или странство ќе може да донира парични средства за лекување на жител на Македонска Каменица, субвенции за фотоволтаични електрични системи, печки на пелети и пелети за граѓани во социјален ризик, како и поставување на споменик во чест на сите жртви на страната на македонските безбедносни сили од конфликтот во 2001 години, изградба на патека до споменикот и негово осветлување и партерно уредување. Атанасовски посочи дека ќе се изгради и  изградба на рекреативен центар со содржини за млади и возрасни лица, а ќе распише и тендер за набавка на медицински услуги за специјалист интернист, очен лекар, педијатар и други доктори, кои по претходно утврден распоред ќе пружаат бесплатни здравствени услуги во здравствената станица или во селските средини. - Нашата градска мајка во 2017-та година изјави: „Ве сакам сите“! Во изминатите четири години, наместо љубов, од градската мајка добивме еден куп неисполнети ветувања, партиски вработувања, сомнителни тендери, популистички и промашени проекти, очај и назадување. Вети многу, а реализираше малку, истакна Атанасовски, додавајќи дека сегашната локална власт мора да си оди. Тој истакна дека ако стане градоначалник ниту еден граѓанин кој што чесно си го заработува своето парче леб нема да биде избркан од работа. - Јас и мојот тим имаме доволно капацитет, способност и желба да обезбедиме работа за секој од вас и Македонска Каменица ќе биде за сите луѓе, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Република Македонија, да сте ми живи и здрави, нагласи Атанасовски. сп/

Остани поврзан