• сабота, 23 ноември 2024

Атанасовски изврши увид во проектите за доуредување на јавните површини

Атанасовски изврши увид во проектите за доуредување на јавните површини

Македонска Каменица, 25 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска изврши теренски активности за контрола на тековно одржување и утврдување на засилена динамика за доуредување на постоечките јавни површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Во придружба на  директорот на Јавното претпријатие Камена Река, Влатко Димитровски, потенцираа дека со овие активности на Јавното претпријатие ќе се создадат поуредени и повеќе привлечни јавни простори за граѓаните и посетителите на Македонска Каменица.

-Планираме изградба на нови јавни простори на повеќе локации во урбаната и приградските средини, развиени согласно потребите и очекувањата на нашите жители. Сакаме да градиме функционални и современи простори, каде преку нови содржини за сите возрасни генерации, ќе ги подобриме условите за живот и ќе ја поттикнеме социјалната интеграција на населението, истакна Атанасовски.

Најави продолжување со активностите за развој на инфраструктурата и уредување на сите јавни површини во градот, со цел Македонска Каменица да биде уште подобро место за живеење на сите граѓани.

Воедно во текот на вчерашниот ден ја каменичкиот градоначалник изврши увид во проектот за изградба на нов пешачки мост на Каменичка Река кој е во завршна фаза. 

-Овој проект е значителен  чекор напред во подобрувањето на инфраструктурата,мобилноста и квалитетот на живот за сите наши граѓани и посетители на Македонска Каменица. Новиот пешачки мост ќе обезбеди безбедна и лесна поврзаност помеѓу двете страни на градскиот кеј, што ќе го олесни пристапот на граѓаните до нашиот новоизграден спортски комплекс, како и на жителите од Долно маало до централното градско подрачје. Мостот ќе го задржи идентичниот изглед со постоечкиот мост
пред градската црква Успение на Пресвета Богородица што дополнително ќе го збогати урбаниот амбиент во нашиот град, додаде Атанасовски.

Изградбата на мостот ја изведува компанијата ДЕУС МИМ ДООЕЛ, која веќе ги заврши бетонските работи, а како што најави Атанасовски следуваат активности за поставување на украсен камен, амбиентално осветлување и доизградба на пристапни патеки до мостот. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.117.946,6 денари, со вклучен ДДВ. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица 

Остани поврзан