• петок, 27 декември 2024

На вработените во културата на сила им се даваат решенија спротивни на Колективниот договор и нема да ги прифатиме, вели Атанасовска

На вработените во културата на сила им се даваат решенија спротивни на Колективниот договор и нема да ги прифатиме, вели Атанасовска

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - На вработените во културата на сила им се даваат изготвени поединечни акти и решенија, со кои се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја, бидејќи се спротивни на одредбите за плата во Колективниот договор за култура и Општиниот колективен договор за јавен сектор, изјави денеска претседателката на Синдикатот на културата, Вера Атанасовска.

Според Атанасовска, со најавеното покачување на 10 проценти на плата во јавниот сектор, се врши обид кај вработените во културата ова покачување да биде времено - од септемвриска до февруарска плата, а од март ќе се работи по некои други правила. 

-На сите состаноци одржани во Министерството за култура, претставникот од министерството за финансии Тоше Паноски на почетокот ни ги нудеше 10 отсто покачување од ОКД како небаре милостина, со реторика ако потпишете анекс на колективниот договор ќе го добиете покачувањето ако не значи се откажувате, за да на вториот состанок затскриен позади заклучокот на Влада повторно го нудеше истото, за да на крајот се сведеме на тоа дека ова покачување на плата не треба да го гледаме како покачување, туку како еднократно право на плата кое важи до следното поповолно право од колективниот договор за култура, кое, не е на овој начин утрдено ниту со Колективниот договор за култура ниту со Општиот колективен договор за јавен сектор, рече Атанасовска.

Таа додаде дека вработените во културата нема да прифатат такви изготвени решенија и постави прашање до министерката за култура дали на сила вработените ќе бидат принудени истите да ги примат, огласувајќи ги на огласна табла.

-Не е јасно зошто Министерството за култура упорно се обидува да ја срочи содржината на поединечните акти/ решенија на начин како само ним им е замислен, иако истата треба недвосмислено да произлезе од содржината на двата колективни договори и да биде во согласност со начинот на пресметка утврден во истите. Па затоа му порачуваме на министерството да не врши притисок врз институциите и директорите и да остават решенијата да се изготвуваат без тендециозно инфилтрирање во содржината на истите ускратувајќи ги правата на вработените во културата, рече Атанасовска.

Како што потенцира, до сега откако е потпишан Колективниот договор за култура ниту едно покачување на платата на вработените не поминало без одредени турбуленции и удари по вработените во културата.

-Временото ограничување на правото од 10 проценти покачување до февруари 2024 година ќе ја издвои културата од другите дејности, како посебна дејност на која овие 10 проценти, според Министррството за финансии и се многу на и онака нивните “енормни плати”, додаде Атанасовска.

Таа ги повика Министерството за култура и одговорните во останатите министерства на разумност, почитување на принципите на Колективните договори и колективното договарање.

-Институциите од културата да ги повлечат овие по налог еднострано изготвени акти/решенија и примената на членот 14 од ОКД за јавен сектор да ја спроведат на начин утврден согласно Колективниот договор, со што ќе остане и ќе продолжи печатот на оваа администрација дека направила највеќе за вработените во културата во изминатите 30 години, даде Атанасовска.

Претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков денеска изјави дека со најавеното покачување на 10 проценти на плата во јавниот сектор, се врши обид кај вработените во културата ова покачување 10  проценти да биде времено, односно да биде со септемвриска плата до февруарска плата. Што значи, како што подвлече, од март ќе се работи по некои други правила. 

Како што додаде, ова е непринципиелно од Министерството за култура.  

-По предлог на владиниот записник од седница во септември, Министерството за култура изготви анекс на Колективниот договор којшто беше понуден на двата синдикати. Ние едногласно го отфрливме тој анекс и сега се прави обид преку директорите, преку издавање на нови решенија, преку притисок врз вработените, да се потпишат тие решенија. Содржината на тие решенија е соодветна на оној анекс на Колективен договор што беше отфрлен. На тој начин, се врши жесток притисок врз нашето членство, што воопшто не води кон принципите на добар социјален дијалог кој сме го имале и нема градење на взаемна самодоверба, рече Неделковски.

Според Неделковски, со годишниот Колективен договор имаат многу поголеми права во однос на предлог анексот на Колективниот договор.

-Се мисли на правото на плата, коешто е децидно кажано како е. Се мисли на дополнително регресот за годишен одмор, каде што сакаме да се уфрли со анексот да се зема доколку има средства обезбедени од државата. Практично не е така. И за јубилејните награди исто така се дава помало право во однос на тоа што го имаме. Значи, овој годишен Колективен договор што е во функција и се практикува, не може да се замени со ниту едно решение кое на сила сакаат да го донесат, додаде Неделковски.бт/аа/ 

Фото/ Принтскрин

Остани поврзан