• среда, 25 декември 2024

Атал: Ситуацијата во Нова Каледонија останува тензична

Атал: Ситуацијата во Нова Каледонија останува тензична

Париз, 16 мај 2024 (МИА) - Францускиот премиер Габриел Атал денеска изјави дека ситуацијата во Нова Каледонија се уште е тензична, по неколкудневните немири за време на протестите во врска со измените на изборните закони.

„Нашата цел е да го вратиме редот во Нова Каледонија“, рече Атал на прес-конференција.

За време на третата ноќ од немирите во Нова Каледонија загинаа четири лица, соопшти денеска високиот комесар на таа француска прекуморска територија, Луј Ле Фран. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан